Македонија

Муцунски во прва работна посета на Австрија

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со сојузниот министер за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, ќе престојува во прва работна посета на Австрија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со сојузниот министер за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија.

Најнови вести од Македонија

To top