Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе оствари средба со раководството на „Македонија 2025“.
Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги реализира во текот на неделата со раководствата на стопанските комори, најави Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
„Македонија 2025“ е меѓународна невладина организација чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.