Македонија Хаг

Муцунски: Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност

Одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре, рече Муцунски.

Муцунски: Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност

По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

-Одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре. Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Фокусот беше ставен на разговорите меѓу сојузниците за рамноправна распределба на одговорностите, потребата од зголемување на индустриското производство во одбраната, како и на развојот на дигитални иновации за јакнење на одбранбените капацитети на Алијансата.

Најнови вести од Македонија

To top