Македонија извештај ЕК

Муцунски: Извештај на ЕК за Македонија, е еден од најлошите за државата, а од друга страна власта на чело со Ковачевски, од уста не го вадат тоа дека биле проевропска влада

Тоа што е значајно и што може само ВМРО-ДПМНЕ да го реализира е ние да не бидеме држава која што ќе се базира постојано на краткорочни социјални мерки, туку да бидеме држава која што и за младите ќе нуди предвидливи мерки насочени кон долгорочен нивен развој.

Муцунски: Извештај на ЕК за Македонија, е еден од најлошите за државата, а од друга страна власта на чело со Ковачевски, од уста не го вадат тоа дека биле проевропска влада

За нас е значајно да имаме коалициони партнери, владина програма, да имаме политики, да дискутираме врз основа на принципи. Да имаме влада која што ќе биде насочена кон привлекување на странски директни инвестиции, како гринфилд така и браунфилд. Да имаме влада која што ќе биде насочена кон обезбедување на предвидлива даночна политика на намалени даноци. Да имаме влада која што ќе даде предвидливост и во делот на реформата на пензискиот систем, а не влада која што ќе носи социјални мерки со кратко траење, туку влада како што најавивме која што ќе даде покачување во најбрз можен рок во првата година од својот мандат од пет илјади денари линеарно на сите пензионери. Ни треба влада со која што ќе дискутираме внатре со сите коалициони партнери, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во денешното гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител.

Во однос на мерките кои што владата денес ги претстави, Муцунски истакна дека сеуште ги нема видено до детал сите мерки, но од тоа што го видел тие повеќе му делуваат на еден предизборен пакет, но сепак, на крајот на денот секоја финансиска мерка која што ќе се даде граѓанинот треба да ја земе, но позади параванот мудрите граѓани ќе гласаат за промени и ќе гласаат за нова надеж.

Тоа што е значајно и што може само ВМРО-ДПМНЕ да го реализира е ние да не бидеме држава која што ќе се базира постојано на краткорочни социјални мерки, туку да бидеме држава која што и за младите ќе нуди предвидливи мерки насочени кон долгорочен нивен развој.

„Да бидеме влада која што нема да нуди мерки за пензионерите од пет, шест месеци туку гарантирано покачување на пензиите врз основа на долг рок и влада која што ќе нуди вистинска социјална заштита, а не да позајмува кредити како тоа што го прави сега актуелната влада, за да нуди пакет на финансиски мерки во период од три до четири месеци во период кога е предизборие. Треба да биде четиригодишна влада со политики кои што се предвидливи како за бизнисот, така за јавната администрација, така и за сите други засегнати страни во општеството“, истакна Муцунски.

Во однос на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, Муцунски истакна дека овогодинешниот извештај бил еден од најлошите за државата, а од друга страна власта на чело со Димитар Ковачевски од уста не го вадат тоа дека биле проевропски ориентирана влада.

„Сосема очекувано е да СДСМ по шест, седум години апсолутни неуспеси, корупција, немање капацитет да испорача предвидливи мерки, туку базирајќи се на неколку месечни политики, ќе се обиде да создаде поделба во политичкиот систем за „за“ или „против“ како што тие викаат, на пример, Европската Унија. А, на нас ни треба промакедонска опција, односно обединување на се што е во интерес на развојот на една граѓанска држава, на една социјална држава, на една пазарна економија. Создавање на еден систем на вредности и доста им е на граѓаните од поделби по разни основи“, истакна Муцунски.

Најнови вести од Македонија

To top