Македонија трагедија во Кочани

Муцунски: Искрена благодарност до ТАВ за поддршката во враќањето на македонските пациенти од странство

Разговаравме и за идните проекти што ТАВ ги планира во нашата земја, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката, додаде министерот Муцунски.

Муцунски: Искрена благодарност до ТАВ за поддршката во враќањето на македонските пациенти од странство

Утрово остварив средба со главниот извршен директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан, и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, објави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

-На средбата упатив искрена благодарност за логистичката поддршка што скопскиот аеродром ја обезбеди во процесот на испраќање и враќање на македонските пациенти кои се лекуваат во странство – поддршка што има големо значење за државата, за пациентите и нивните семејства, потенцира Муцунски во објавата.

Разговаравме и за идните проекти што ТАВ ги планира во нашата земја, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката, додаде министерот Муцунски.

Најнови вести од Македонија

To top