Тој продолжи и го наведе и неговиот личен пример.
„Љупчо Палевски пред година дена кога беше наелектрилизирана состојбата околу францускиот предлог и со право бидејќи е катастрофален предлог за кој и ние како партија сме се бореле, тогаш Љупчо Палевски објавува слика од мојот татко и вели дека ова е таткото на Тимчо Муцунски советникот на Бујар Османи кој го напишал францускиот предлог. Мојот татко не е советник на Бујар Османи, напротив е изолиран во неговата работа во Министерството за надворешни работи. Второ мојот татко го видел францускиот предлог истиот момент кога ние како јавност и го видовме. Потоа експресно тој портал Инфомакс ја рашири таа лажна информација која потекнува од Љупчо Палевски за да биде раширена огромна омраза спрема моето семејство и да добивам пораки со закани, значи систематски овие луѓе работеа на ширење на лажни вести и дезинформации и продолжуваат со тоа“, истакна Муцунски.
Тој кажа дека сето ова е еден проект.
„Љупчо Палевски и сите овие луѓе кои велат дека се новинари, се проект кој добива финансирање од едно акционерско друштво во државна сопственост и тоа со тек на времето ќе се докаже“, заклучи Муцунски.