Македонија

Муцунски: Гордана Силјановска Давкова покрај легитимитетот од пратениците, ќе го има легитимитетот и од граѓаните, во текот на утрешниот ден започнуваме со собирање на граѓански потписи

Муцунски: Гордана Силјановска Давкова покрај легитимитетот од пратениците, ќе го има легитимитетот и од граѓаните, во текот на утрешниот ден започнуваме со собирање на граѓански потписи

„Денес е посебен дел за нашата држава затоа што прво треба да ја отвориме дилемата каков претседател Македонија имаше до скоро. Тој е веќе претседател во заминување, претседател кој беше вешт и умешен во делот на анализата добар аналитичар кој знаеше во последните 5 години да ни каже колку е лоша состојбата во државата, колку нема напредок во државата. Но и граѓаните самите сведочат дека не можат да се сетат на еден негов успешен проект или нешто што тој успешно го направил или на внатрешно политички или на надворешно политички план за Македонија да стане подобро место за живеење“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вестите на Канал 5 телевизија.

Потпретседателот Муцунски продолжи и додаде дека денес е посебен ден, бидејќи денес и официјално Гордана Силјановска Давкова се очекува да стане кандидат за претседател на Република Македонија.

„Некои работи кои таа ги истакна во својот говор од кој и вие имате дадено инсерти е дека очекува да остави простор за скандинивизација во македонската политика, што значи тоа? Висок степен на морал и етичност, почитување на Уставот и законите, очекување на постигнување на резултати како на внатрешен политички план така и на надворешно политички план каде што се најголем дел од надлежностите на претседателот на Македонија“, кажа Муцунски.

Потпреседателот Муцунски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го претстави единствениот вистински репрезент на македонските граѓани.

„Во таа насока сметам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го претстави единствениот вистински репрезент на македонските граѓани, како свој кандидат. Ние иако професорката Гордана Силјановска Давкова ја добива поддршката од соодветниот број пратеници. Во текот на утрешниот ден ќе влеземе во процес на собирање на граѓански потписи и очекувам дури ни целиот ден да не ни биде потребен, туку за неколку часа да го добиеме тој минимален праг од 10,000 потписи и така професорката покрај легитимитетот уставен од бројот на пратеници, ќе го има и легитимитетот на граѓаните и да се впушти во трката официјално и таа да биде идниот претседател на Македонија“, вели Муцунски.

Потпретседателот Муцунски посочи дека Гордана Силјановска Давкова е над сите други кандидати со нејзината посебна стручност која е меѓународно признаена.

„На нас ни е битно професорката Гордана Силјановска Давкова да се претстави таква каква што е, со тие нејзини автентични ставови кои излегуваат често и од потесни партиски гледишта кои некогаш ги има во сите субјекти во државата и Македонија да добие претседател на граѓаните, претседател кој секогаш ќе е достапен и претседател кој кога ќе е потребно да бие коректив на идната извршна власт од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тој што работи знае да направи некогаш грешка затоа е потребно да имате луѓе со нивен сет на вредности, начин на размислување но пред се тоа што ја двои професорката Гордана Силјановска Давкова над сите други кандидати е нејзината посебна стручност, меѓународно признаена во делот на уставното право и политичкиот систем“, заклучи Муцунски.

Најнови вести од Македонија

To top