Добредојде за претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Скопје, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Муцунски потенцира дека, во официјална работна посета на нашата држава, денеска престојува претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Во рамки на посетата, предвидени се повеќе активности и средби на високо ниво.
Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу двете држави, како и можностите за нивно понатамошно унапредување во духот на пријателство и соработка, додаде Муцунски.
Посетата на хрватскиот претседател претставува потврда за традиционално пријателските и партнерски односи, кои се развиваат без отворени прашања – како на билатерално, така и на мултилатерално ниво, објави министерот Муцунски.