Македонија мнр

Муцунски го повикал на консултации амбасадорот во Рим

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава Плусинфо од извори во Министерството.

Муцунски го повикал на консултации амбасадорот во Рим

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава Плусинфо од извори во Министерството.

Станува збор за амбасадорот кој пред околу два месеци испрати скандалозен допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки.

Неофицијално, иницијативата за негово повикување произлегла од новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Скандалот со Мемеди во февруари наиде на бројни реакции во медиумите. Факсимил од документот со кој тој ги известил властите на Италија дека од 12 февруари пасошите се неважечки тогаш објави ВМРО-ДПМНЕ со реакција дека Мемеди на своја рака носи потези кои им наштетиле на македонските граѓани во Италија.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој прв извести за потезите на Мемеди своевремено побара отповикување на амбасадорот:

„Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство. Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи“, напиша во февруари Милошоски.

Три дена подоцна, на 15 февруари, македонското МНР, тогаш предводено од Бујар Османи испрати нова нота до италијанското МНР информирајќи дека амбасадорот Мемеди нема добиена никаква инструкција да доставува ноти за предметната тема.

Османи исто така ја отповика нотата на Мемеди и најави дека ќе спроведе постапка за одговорност за скандалот.

„По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации“, соопшти МНР.

Најнови вести од Македонија

To top