Македонија фатмир меџити

„Моето предвидување се исполни“ – министерот Меџити се кладел дека првото бебе родено годинава ќе биде машко

Министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје го посетија Алек – првото родено бебе за оваа година.

Двајцата му посакаа здравје и среќно детство, и упатија честитки до родителите на бебето.

Министерот Меџити рече дека се исполнило неговото предвидување дека бебето ќе биде машко.

„При крајот на работниот ден во петокот, во кабинетот во опуштена атмосфера се кладев дека првороденото бебе ќе биде машко и се исполни“, рече министерот.

Министерката Тренчевска кажа дека првоеоденото бебе се вика Алек, и се работи за прва рожба на неговата мајка.

Бебето тежи 3.760 грама, а долго е 52 сантиметри.

Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство објавија дека 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје го родила бебето по природен пат.

Најнови вести од Македонија

To top