Македонија

„Модуларните болници уште еден грд споменик на неспособноста на власта – нема изградба на нов Клинички, ама има милиони евра за пенали за неградење“

Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија!, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Модуларните болници уште еден грд споменик на неспособноста на власта – нема изградба на нов Клинички, ама има милиони евра за пенали за неградење“

ЛИМЕНИТЕ АМБУЛАНТИ, ТАКАНАРЕЧЕНИ МОДУЛАРНИ БОЛНИЦИ УШТЕ ЕДЕН ГРД СПОМЕНИК НА НЕСПОСОБНАТА ВЛАСТ – НЕМА ИЗГРАДБА НА НОВ КЛИНИЧКИ, АМА ИМА МИЛИОНИ ЕВРА ПЕНАЛИ ЗА НЕГРАДЕЊЕ

Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија!

Дополнително министерот за здравство Фатмир Меџити и денес повторно се слика на Клиника за пулмологија каде се реновираат градежни простории, без суштинско подобрување на условите за пациентите и здравствените работници!

Според информации од пациентите листите на Клиника за пулмологија се големи и пациентите и во оваа установа тешко стигнуваат до здравствена услуга!

Лекциите од ковид пандемијата не се научени и ниту по пандемијата ништо не е преземено ниту за Клиниката за пулмологија, која како исклучително значајна Клиника продолжува да работи во супстандардна модуларна лимена болница, а за сликање и гол пиар министерот Меџити “отвора и реновира”!

Неинвестирањето во инфрастуктура на оваа власт доведе да немаме нов клинички центар по примерот на земјите од соседството, туку Клиниките се сместуваат и функционираат во супстандардни простории!

Со ваквите “европски вредности” оваа неспособна власт заради недомаќинско работење ризикува од пари на граѓаните да се плаќа оштета изразена во милиони евра, не за градење туку за неградење на Клинички центар!, стои во соопштението на КОмисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

To top