Македонија МНР

МНР: ДБКИ е задолжена за сертификат за безбедност, не е одобрен за двајца вработени во дипломатијата

Постапката за поседување сертификат за безбедност, се посочува во соопштението, е обврска за сите вработени во дипломатијата, и таа се спроведува во континуитет.

МНР: ДБКИ е задолжена за сертификат за безбедност, не е одобрен за двајца вработени во дипломатијата

Министерството за надворешни работи во однос на издавањето сертификат за безбедност на вработените во дипломатијата, денеска соопшти дека ниту дава ниту одзема сертификат за безбедност.

-За тоа е задолжена Дирекција за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) која има законска надлежност и обврска, во соработка со други институции, да издаде нов, или да одземе веќе постоечки сертификат за безбедност од било која класа. Министерството за надворешни работи има обврска да реагира доколку одреден вработен со правосилна одлука остане без сертификат за безбедност, соопштија од МНР.

Постапката за поседување сертификат за безбедност, се посочува во соопштението, е обврска за сите вработени во дипломатијата, и таа се спроведува во континуитет.

-Информираме дека во последното известување од страна на ДБКИ, за двајца вработени во дипломатијата не е одобрен безбедносен сертификат, се подвлекува во соопштението од МНР.  (МИА)

Поврзани теми

To top