Македонија поддршка

МНР: Британска поддршка за натамошен развој на нашата демократија

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи вечерва во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ оствари средба со Лорд Камерон, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство.

На средбата, Османи го информираше Камерон за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и предизвиците со кои Организацијата се соочува, за чие решавање клучен ќе биде Министерскиот совет кој од утре и официјално започнува во Скопје.

Покрај тоа, во фокус на разговорот беа и билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство кои се поставени на највисоко ниво во изминатите три децении.

„Нашиот партнер, Обединетото Кралство, низ годините одигра клучна улога во растот на Северна Македонија во независна европска демократија“, рече Османи на средбата.

Османи го информираше Камерон за активностите што Северна Македонија ги презема во насока на зајакнување на функционирањето на демократските институции и владеењето на правото, области кои се клучни во остварувањето на крајната цел – полноправно членство во Европската Унија.

„Северна Македонија продолжува да биде активен и конструктивен чинител на регионално ниво, давајќи суштински придонес за натамошното продлабочување на добрососедските односи, регионалната соработка и зајакнувањето на регионалната безбедност“, рече Османи на средбата.

To top