Таа продолжи и додаде дека доколку анкетната комисија траела подолго ќе била повикана и финансовата полиција.
„Доколку анкетната комисија имаше повеќе време можеби ќе требаше да биде повикана и финансовата полиција, односно да биде вмешано и министерството за финансии за да се види потенцијалот земање фиктивни фактури итн. за што нормално имаше импутни информации од документацијата што ја добивме“, рече Мизрахи.
Таа истакна дека материјалите не се доставени сеуште.
„Последната информација која ја добив е дека иако обвинителството даде рок од 5 дена материјалите не се проследени до обвинителството односно претседателот на Собранието не ги проследил до обвинителството“, кажа Мизрахи.
Таа потенцираше дека министерот за здравство имал директно учество во прекршување на низа членови.
„Министерот за здравство имал директно учество во прекршување на низа членови, законот за здравствена заштита меѓутоа и законот за здравствено осигурување, директно е инволвиран, директно требал да учествува во издавање на протоколите, квалитетот на работата на клиниката инт. Сметам дека можеби целото прекршување беше буквално поради тоа име Венко Филипче што ни дава до знаење настрана од фактот дека оваа однародена власт е само заштита на одредена група луѓе“, вели Мизрахи.
Таа на самиот крај констатира дека параноидно се плашат од вистината.
„На крајот би констатирала дека ако некој толку параноидно се плаши од вистината и се штити сам во себе особено од ВМРО-ДПМНЕ морал многу да згреши на народот или на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто вие толку параноидно се плашите од народот, опозицијата внатре во својата групација“, заклучи Мизрахи.