Македонија Мора да се посочат одговорните со име и презиме

Мизрахи: Јавното обвинителство со одолговлекување на истрагата за скандалот Онкологија, се повеќе ги валка белите мантили во Македонија

Непојавувањето на десетмината сведоци отвори сомнеж дека нешто се затскрива.

Мизрахи: Јавното обвинителство со одолговлекување на истрагата за скандалот Онкологија, се повеќе ги валка белите мантили во Македонија

Добивме огромен материјал од Министерството за здравство, од Клиниката за радиотерапија и онкологија, од Фондот за здравство и слично, но сиот материјал не беше систематизиран туку беше во целосен хаос и беше потребно време за да се среди. Но, не губевме време ја составувавме и листата на сведоци. Или двата процеси се одвиваа паралелено, рече Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Мизрахи информираше дека биле повикани вкупно 62 сведоци, а се појавиле пред 52 сведоци пред Анкетната. Според неа непојавувањето на десетмината сведоци отвори сомнеж дека нешто се затскрива.

„Целта на Анкетната комисија е да бара политичка одговорност. Мое лично мислење е дека јавното обвинителство може да постапи по извештајот од Државниот ревизор, од друга страна од самото гледање на хронологијата на настани недоследностите се јасни. Оттука е нејасно зошто на јавното обвинтелство му треба толку време за постапување. И нејасно е зошто обвинителството оди само во предистрага. Или се прави магла. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски требаше пред Анкетната кмисија да даде одговори затоа што не беше јасно до каде е предистрагата, потоа и обвинителството и МВР велеа дека ја почнале истрагата. Ме загрижува однесувањето на јавното обвинителство“, рече Мизрхи.

Мизрахи посочи дека до неа стигнуваат информации од пациенти или роднини на починати пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија за низа неправилности.

„Кога ќе ги прашам зошто не одите во органите надлежни за истрага и таму да ги кажете сознанијата и информациите велат дека немаат доверба. Тука е и стравот, а тој доаѓа од ситуацијата во која сме, која говори дека нема систем. Ова е траорна приказна во Македонија, исто како и случајот со модуларната болница во Тетово и на крајот ќе има одговорни со име и презиме и мора да има разврска за случајот Онкологија“, кажа Мизрахи.

Според неа скандалот Онкологија покажува колку во суштина не функционира ништо во државата.

„Ова е тенденциозен хаос. Скандалот покажува дека што подолго јавното обвинителство ја одолговлекува истрагата толку повеќе ги валка белите мантили во државата. Затоа мора да има разврска и посочување на одговорните, кажување на нивните имиња и презимиња“, изјави Мизрахи.

Мизрахи посочи дека доколку се почитуваат законите во оваа област, доколку се почитуваат протоколите и процедурите, а јасни се контролните механизми скандалот можел да се спречи.

„Случајот покажува дека не се почитуваат нормите, има само моќ и кажувања јас сум закон, јас ги креирам правилата. Во таква ситуација има погазување на законите и целосен хаос“, вели Мизрахи.

To top