Македонија изразена поддршка

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

– Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката. Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на нашите граѓани и економии, објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.

To top