Македонија Проекти за трајна промена

Мицкоски: Реализиран проектот за реконструкција на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Пеленица

-Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население,  објави премиерот.

Мицкоски: Реализиран проектот за реконструкција на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Пеленица

Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски  во делот „Проекти за трајна промена – Општина Кисела Вода“.

Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците.

To top