Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството на 4IG.
Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за пакет од 100 милиони евра инвестиции во неколку сфери во земјата.
– Во Минхен остварив средба со раководството на 4IG. Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен во телефонијата и во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката. Македонија мора да ја развиваме. Се бориме за секоја шанса за подобра иднина за граѓаните! – напиша Мицкоски на „Фејсбук“.