Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре до него, ќе одговара.
Халил Снопче го праша премиерот Мицкоски дали ќе сноси одговорност за случајот со директорот на инспекторатот за земјоделство осомничен за поткуп или смета дека тоа е индивидуален чин.
– Одговорност ќе бараме на избори. Кога станува збор за поддршката што јас ја барам, ја барам на избори. Што се однесува до случајот, ако изминативе повеќе од три децении кога допирале такви информации до тие кои што ги воделе институциите во државата, премиери, министри, претседатели и слично ги решавале на тој начин како јас што ги решавам, немаше да ни се случи тоа што се случува, а ако продолжи да се случува, јас имав одговор на едно слично вакво прашање, рече Мицкоски. Секој оној кој што прави какво било криминално дејство и тој глас допре до мене, и затоа ги повикав тие што се жртви на такво девијатнооднсесување да пријават и ќе бидат санкционирани. Не само овој случај, туку и други случаи од минатото треба да бидат санкционирани ако тие што се жртва на вакво однесување на некој кој што води институција пријават и соучествуваат во процесот, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека денеска на пратенички прашања веќе одговарал на слично прашање.