Македонија кочани

Мицкоски: Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа

Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред.
Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top