Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која, како што инофмрира разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси.
На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. (МИА)
Денеска остварив средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
На средбата разговаравме за зајакнување на…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, February 27, 2026