Македонија потпишан меморандум

Митевски: Зголемување на бесплатни ин витро оплодувања од 3 на 6, субвенции за прво и второ дете и ослободување од ПДД за мајките

Да бидеме отворени за секој еден наш граѓанин, затоа што Аеродром е наш заеднички дом, потенцира Митевски во објавата на својот фејсбук профил.

Митевски: Зголемување на бесплатни ин витро оплодувања од 3 на 6, субвенции за прво и второ дете и ослободување од ПДД за мајките

Кандидатот за градоначлник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Дејан Митески денес потпиша меморандум за соработка со „Здружение До бебе по патот на ИВФ“.

-Благодарение на поддршката на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ се прифати предлогот на здружението за зголемување на бесплатни ин витро оплодувања од 3 на 6, како и субвенции за прво и второ дете и ослободување од персоналниот данок на доход за мајките. Ние со потпишување на овој меморандум отвараме можности за соработка и ја потврдуваме нашата заложба – да бидеме отворени за секој еден наш граѓанин, затоа што Аеродром е наш заеднички дом, потенцира Митевски во објавата на својот фејсбук профил.

Особено сум горд што денес потпишавме меморандум за соработка со Здружение До бебе по патот на ИВФ 🤝

Благодарение на…

Posted by Дејан Митески on Tuesday, October 7, 2025

To top