Македонија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат со полна пареа

Митева: За состојбата во Македонија најдобро говори Извештајот на Европската комисија кој е најлош до сега

Нашиот аргумент е многу важен зошто да има избори истовремено. Финансиските имликации кои ги има од изборите ќе се одразат врз граѓаните, рече Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Митева: За состојбата во Македонија најдобро говори Извештајот на Европската комисија кој е најлош до сега

Митева укажа дека она што го говорат од СДСМ е само ароганција и оти само на тој начин знаат да функционираат.

„Од СДСМ не разбираат дека секако 2024 година е изборна година, не разбираат дека процесите требаше да започнат многу порано, не разбираат дека во последните шест месеци пред избори не треба да има измени во Изборниот законик, не разбираат дека ние се стремиме сите тие аномалии да ги промениме и да не бидат пракса како претходно. И кога ги има овие аргументи од ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат, па зарем треба некому да удоволиме“, рече Митева обраќајќи и се на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска со која беа на дебатата на Канал 5.

За состојбата во државата како што укажа Митева, најдобро говори последниот Извештај од Европската комисија.

„Мојата изјава дека се работи за најлош Извештај, таа проценка не ја направи Марија Митева, ја направи Парламентарниот институт на Собранието. Јас верувам во тој институт“, вели Митева.

Митева се осврна и на работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кажете ми како е возможно ниту еден градоначалник од редовите на СДСМ да нема организирано отчет. Сега зборуваме за општини како Штип каде градоначалникот дневно промовира два проекти, зборуваме за градоначалник на Аеродром кој има реализирано повеќе од 50 проценти од програмата, напаѓаат градоначалник на Бутел кој за половина мандат реализирал 4 капитални проекти“, кажа Митева.

Митева се осврна и на низата скандали на оваа Влада, или „Влада која склучува договор со Бехтел и Енка, две милијарди, имате Влада чии што претставници, деца од 18 години купуваат трговски центар во центарот на Скопје, имате скандал Беса транс, Ласкарци, Онкологија, трета година по ред учениците немаат учебници“.

Најнови вести од Македонија

To top