Македонија кај сите други држави од регионот е 50%

Митева: Никогаш не било полошо – Само 20% раст на БДП за 7 години власт на СДС и ДУИ

Таа додаде дека затоа Македонија, не само што не оди напред, туку тоне. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

Митева: Никогаш не било полошо – Само 20% раст на БДП за 7 години власт на СДС и ДУИ

Со СДС на власт, Македонија не само што не оди напред, туку и стагнира. За 7 години власт на СДС Македонија заостана зад сите држави во регионот, сите земји кои беа зад нас сега се пред нас. Во период од 2017 до 2023 година растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Посочи дека додека во Македонија економијата пораснала за 20%, во БИХ таа се зголемила за 42%.

-Додека Македонија има раст од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас.

Власта лажеше дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50% поголема инфлација од еврозоната, каде се наоѓаат нашите најголеми трговски партнери. Додека во Македонија се живее полошо од пред 7 години, денес во Македонија се живее полошо од сите земји во соседството од БИХ до Албанија.

Сите овие држави се наоѓаат на Балканот, имаат слична економска основа и појдовна точка, сите се соочуваат со слични предизвици, единствена разлика помеѓу Македонија и сите други е тоа што овде на власт е СДС и ДУИ, кои наместо за граѓаните, работат само за себе. истакнува Митева.

Таа додаде дека затоа Македонија, не само што не оди напред, туку тоне. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

To top