Македонија Никогаш не било полошо во областа на инфраструктурата

Митева: Извештајот на ДЗР за ЈПДП- тотален финансиски хаос и злоупотреби, помалку уплатен данок во Буџетот, пролонгирани рокови за изградба

Ова е еклатантен пример колку незаконски работи власта на СДС и ДУИ. Колку што се на број незаконските пречекорувања толкав број на кривични пријави се возможни. Ова е нивниот лажен европски фронт, кој во реалноста е прв фронт на криминалот. Важно е да ги поразиме, време е за промени!

Митева: Извештајот на ДЗР за ЈПДП- тотален финансиски хаос и злоупотреби, помалку уплатен данок во Буџетот, пролонгирани рокови за изградба

Никогаш не било полошо во областа на инфраструктурата на Македонија. Никогаш повеќе пари не се трошело, а никогаш помалку не се градело, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија е катастрофален, дефиницијата која ја отслика реалноста е запрепастувачка, цитирам: “Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.” Или парафразирано: тотален финансиски хаос и злоупотреби, комплетно безредие и непочитување на законите!

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈП за државни патишта за 2022 година, се утврдени следните состојби:

– недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата. Оваа состојба предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба или реконструкција на делниците. Затоа не случајно на СДС и ДУИ, на Бочварски и Рустеми, им се потребни 7 години за да изградат 2 километри автопат. Затоа не случајно владата на СДС и ДУИ има волку анекси на договори за зголемување на вредноста на капиталните проекти како и анекси за пролонгирање на роковите за изградба, кои самите си ги задаваат па самите ги пробиваат.

Понатаму, внимавајте:

– неправилно утврдена даночната основа и за 27.525 илјади денари помалку пресметан и уплатен данок на добивка во Буџетот на Република Македонија. Замислете, функционерите на власта која се фали со наводно одлична наплата на данок се истите тие кои не плаќаат данок.

Исто така:
– не е извршено усогласување на побарувањата. Тогаш сосема логично би било да констатираме дека ако не утврдуваат објективна/реална вредност, тогаш вредноста која ја преставуваат е субјективна и истата може да е надвор од називот на сметката што е основ за незаконско постапување.
– утврдени се неправилности во начинот на управување и евидентирање на залихите на материјали и ситен инвентар. Прашуваме, каде завршувале залихите?

И за крај, потврдата за нивната неспособност доаѓа после констатацијата дека:
– не е донесена петгодишна програма за извршување на работите од јавен интерес поради што не се создадени услови за долгорочно управување со развојот и одржувањето на државните патишта.

Ова е еклатантен пример колку незаконски работи власта на СДС и ДУИ. Колку што се на број незаконските пречекорувања толкав број на кривични пријави се возможни. Ова е нивниот лажен европски фронт, кој во реалноста е прв фронт на криминалот. Важно е да ги поразиме, време е за промени!

Најнови вести од Македонија

To top