ПОБЕДНИЧКИ БУТЕЛ! Првиот ден од изборната кампања го завршуваме со победничка атмосфера со граѓаните од победнички Бутел 1, заедно со градоначалникот Дарко Костовски. Како и во Радишани така и овде во Бутел 1, добивме искрена и голема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Давкова, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски.
-После победата на изборите се обврзуваме за реализација на многу проекти кои се од суштинско значење за подобар животен стандард на сите бутелчани.
Народот е нашиот мотив да продолжиме да чекориме напред, да чекориме по патот кон промените, патот кон реализација на многу проекти, патот за Македонија повторно да биде трасиран кон просперитетна и стабилна држава.
Заедно со народот ќе ја направиме промената, ќе го вратиме достоинството и гордоста на Македонија.
Македонија повторно да биде горда!
Ви благодарам бутелчани што сте цело време со нас и ни давате поддршка!
Македонија повторно твоја!
Промените во твои раце!, додава Мисајловски.