Македонија мора да внимаваме

Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна, но ценовниот шок со нафтата граѓаните веќе го почувствуваа

Безбедносната состојба во Македонија сепак е стабилна. Но мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори“, изјави Мисајловски

Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна, но ценовниот шок со нафтата граѓаните веќе го почувствуваа

Министерот за одбрана Владо Мисајловски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Тој беше прашан за безбедносната состојба во
земјава каква е во моментов.

„Сега ние ги гледаме и извештаите и она што се случува постојано мора да ја следиме целата состојба. Мислам дека тоа нашата служба го прави одлично и честопати јас кога говорам гледам она што не е класифицирано апсолутно само тоа да го зборувам бидејќи многу детали стигаат. Постојано зависност во овој предел на светот. Но она што го кажавте вие безбедносната состојба во Македонија сепак е стабилна. Но мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори“, изјави Мисајловски и доаде:

„Тоа го кажавме и на самиот совет за безбедност, односно после претседателката го најави, бидејќи знаете со проблемот само со Ормутскиот теснец и она што се случува една 5-тина од нафтата што поминува од таму. Гледате сега веќе станува многу сериозно во околината на сите овие земји, многу земји не може да се да стигнат до своите танкери, бродови ит натака и тоа влијае многу на пазарот, влијае на економијата и тоа е дел каде што и ние ќе чувствуваме рефлексија апсолутно и тоа се почувствува“.

-Може да видиме и на бензинските пумпи се случува нели ценовен шок би рекол за многу граѓани во делот на покачување на енергенсите и на горивата, но зависност од тоа колку ќе трае начинот и рефлекцијата на теренот така ќе влијае врз други економски параметри, потенцира министерот Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top