Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во своето гостување во Дневникот на МРТВ уште еднаш му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, притоа истакнувајќи дека тоа е навистина голема победа и целиот свет го очекувал овој ден.
-Целиот македонски врв му ја честиташе победата на Доналд Трамп, еве имам прилка и од тука. Честитки за целиот американски народ, навистина една турнеја, една голема изборна победа, но и целиот свет го очекуваше овој ден. Се надевам дека, се надевам дека односите ќе бидат уште подобри, се надевам дека поготово во делот на одбраната и нашиот стратешки пријател Америка ќе ги зацврсти нашите пријателски односи и знам дека тоа така ќе се случува во иднина, изјави Мисајловски.
Буџетот во Армијата ќе биде 2%, но и ќе се зголемува низ годините вели Мисајловски.
-Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на Нато го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќе тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети, појасни министерот Мисајловски.