Македонија

Мисајловски за инцидентите со македонското знаме: Стеснат е обрaчот за некои луѓе и не се чуствуваат комфорно

Премерот неколку месеци наназад најавуваше дека може да има вакви тензии, обиди за дестабилизација, токму вакви настани што би се случувале, и се разбира ќе продолжи, бидејќи кога е стеснат обарчот за некои луѓе, тие не се чуствуваат комфорно во својата зона, изјави вечерва во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Премерот неколку месеци наназад најавуваше дека може да има вакви тензии, обиди за дестабилизација, токму вакви настани што би се случувале, и се разбира ќе продолжи, бидејќи кога е стеснат обарчот за некои луѓе, тие не се чуствуваат комфорно во својата зона, бидејќи претходно владееле и располагале со се во државата. Пипците биле пуштени во секоја една пора. дали било Обвинителство, дали судство, дали се тоа институците, полицијата, насекаде, и кога тие нивни благотети се скратени, таа е таа хистерија што се појавува и добро е што МВР направи сериозна акција. Секој оној што погрешил да си одговара, и така треба да биде, дециден е Мисајловски.

Сега кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се на власт со поддршка со над 600 илјади, тоа е огроман и сериозна бројка и ветер во грб за да направиме многу повеќе проекти, многу реформи, но и да има одговорност, она што многу пати го кажувавме. И сега таа одговорност можеби е бавна, но полека полека стига или навидум се проѕира дека ќе стигне и многу луќе се загрижени, и тоа мислам дека претставува дополнителна хистерија, изјави вечерва во своето гостување во емисијата „За или против“ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Они сега ќе ја искриват целата слика. Сегашната опозиција, во минатото власт, научени се постојано да живеат во розов свет, кае што требаше сите во државата да пуштаат вести, да прават нешто што реално не е видливо, но веруваа во себе и затоа сето тоа се одразни на изборите. Сега кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се на власт со поддршка со над 600 илјади, тоа е огроман и сериозна бројка и ветер во грб за да направиме многу повеќе проекти, многу реформи, но и да има одговорност, она што многу пати го кажувавме. И сега таа одговорност можеби е бавна, но полека полека стига или навидум се проѕира дека ќе стигне и многу луќе се загрижени, и тоа мислам дека претставува дополнителна хистерија каде што би рекол претставници на опозициона мисла, моментално сакаат да го урнат и да го искриват она што се случува. Не им одговара, вели Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top