Благодарам за можноста да се обратам, еве денеска сме повторно тука во Куманово заедно со кандидатите за пратеници од Куманово, заедно со Бобан, со Бране, со Мартина, го започна говорот Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.
-Ќе имаме еден убав настан, може и да видите позади нас, многу народ насобран, да зборуваме за позитивни и убави нешта, да зборуваме за нашата „Платформа 1198“, каде што има прекрасни проекти. Каде што ќе зборуваме за 50 милиони евра во наредниот период директно за културата, 50 милиони евра директно за спортистите. Каде што ќе зборуваме за проектот „Купи куќа за млади“, за повисоки пензии, за повисоки плати, за над две милијарди евра во инфраструктурата. Секоја година по 250 милиони евра за сите општини во Македонија односно за една позитивна и убава Македонија, рече Мисајловски.
Тој додаде, сакаме да ги поканиме сите граѓани да ни се приклучат за да ја погледнат нашата програма и да се пронајдат во нејзе. И се разбира да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ на осми мај, но претходно се разбира и на 24-ти април за нашата професорка Гордана Силјановска Давкова, за новата претседателка.