До крајот на оваа година владата сака да се задолжи со преку 800 милиони евра, ние како ВМРО-ДПМНЕ бараме еден или два посто од тие средства да завршат во општините, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Зботуваме за нови градинки, во Бутел нова градинка, зборуваме школо да се направи во Гази Баба, нова градинка во Ѓорче Петров итн, итн… зборуваме за 17-18 милиони евра кои следната година ќе завршат во општините и за тоа сега се разговра во македонското собрание, бидејќи 800 милиони евра ќе се задолжат до крајот на годината. Од сите тие барања ништо нема да заврши во општините ако ние не преговараме да добијат со амандмани општините, истакна Мисајловски.