„Оваа власт, ова се криминалци, бандити, кои што пробуваат да го украдот македонскиот народ и го крадат, како што ќе каже мојот пријател Муки, вели јас сум албанец и ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ затоа што овие сите крадат. Чаир од секогаш е убаво место и затоа Чаирчани не смеат да бидат граѓани од втор ред и тоа треба секој еден да го знае“ кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ2, Владо Мисајловски од митингот во Чаир.
Мисајловски посочи неколку проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ како проектот 50 милиони евра за спортот, 50 милиони евра за културата и 250 милиони евра за општините.
„Ние во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ветуваме 5 000 денари за сите пензионери ветуваме, 50 милиони евра во спортот за 4 години, ветуваме 50 милиони евра во културата, но исто така ветуваме дека 250 милиони евра годишно ќе се даваат за сите општини, но за оваа приказна да биде успешна ни треба масовно сплотување. Затоа од Чаир да испратиме заеднички порака, гласаме на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај гласаме за ВМРО-ДПМЕ и коалицијата“ истакна Мисајловски.