Македонија Да имаме образ

Мисајловски: Треба да има непокор во нас, да имаме инает кога ни се нанесува неправда, доста виткавме кичма

Не може се да прифатиме, па треба и ние да имаме образ, па треба и ние да бидеме Македонци, па и непокор во нас да има и инает по некогаш за нешто што ни се прави неправда, само бараме една фер шанса, фер шанса за државава, не може секој да витка кичма.

Мисајловски: Треба да има непокор во нас, да имаме инает кога ни се нанесува неправда, доста виткавме кичма

Народот на избори одлучува и дава мнозинство на една партија за да ги води. Еве би сакал да прашам, зошто СДСМ и ДУИ со францускиот предлог не излегоа на избори, зошто се сокрија во влада, па се вадеа на собранието дека тие мора да донесат некаков си извештај, беа уплешени да се соочат со граѓаните, рече во вечерашното интервју за Телевизија 24, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Ако граѓаните ценат дека не треба нешто да се прифати треба да го слушаме народот и да бараме подобри решенија. Ако некогаш времето е пречка дека како што велите сега е моментот, се согласувам со вас, но не може се да прифатиме, па треба и ние да имаме образ, па треба и ние да бидеме Македонци, па и непокор во нас да има и инает по некогаш за нешто што ни се прави неправда, само бараме една фер шанса, фер шанса за државава, не може секој да витка кичма, треба прво и основно кога ќе се заколнете во собранието дека ќе ги штитите македонските национални интереси, треба тоа и да го правите, истакна Мисајловски.

Мисајловкси додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува историски најголема победа на следните парламентарни избори, а додаде дека доколку утре се оддржат изборите таа разлика би била над 25-30 пратеници.

To top