Мисајловски посочи дека целта со програмата Платформа 1198 е граѓаните да живеат подобро, достоинствено, да има повисоки плати, пензии, да се врати правната држава, жестока борба со корупцијата, казни за лицата вмешани во криминал.
Истакна дека пензионерите мора да имаат подобар живот и дека ќе се обидат за секој пензионер да имаа доволно финансиски средства за основни потреби.
„Ветуваме дека пензионерите ќе добијат 5.000 денари линеарно покачување уште во првата година. Исто така планираме да отвориме 50 илјади нови работни места, ќе има учебник за секое дете и во основно и во средно образование. Ќе има 50 милиони евра директна поддршка во спортот, 250 милиони евра за капитални инвестиции во сите општини годишно, за четири години тоа се една милијарда евра“, рече Мисајловски.
Но, додаде Мисајловски, за да го направиме ова требаат промени, промени кои ќе ги донесе секој еден граѓанин и затоа ве повикувам да одите кај сите ваши пријатели, комшии и да ги замолите да дадат поддршка, пред се за професорката Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа и за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да ја оствари најголемата и убедлива победа.