Да ја поздравиме нашата нова претседателка Гордана Силјановска – Давкова, дама што се бореше кога беше најтешко, дама која застана и тука пред вас пред пет години, жена која ја сака Македонија и жена од народот, ова денеска од митингот во Ѓорче Петров го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој исто така додаде дека на овие избори од една страна е Стево Пендаровски кој што ги менува ставовите во истиот ден во зависност како што ќе му кажат од Речица или Бихаќка, а од друга страна е професорката која се бори за правда и ја сака Македонија.
„Од една страна го имате Стево Пендаровски, човек којшто од сабајле кажува едно, а попладне кажува, можеби нешто друго, зависи што ќе му кажат од штабот тоа да каже. Знаете кој штаб или оној во Речица или на Бихаќка. Бира, зависи дали е вторник или среда. Но од другата страна имаме жена што ќе се бори за правдата, жена што ја сака Македонија и жена што секогаш ќе биде со народот“, потенцираше Мисајловски.
Тој упати апел до професорката да не ги заборави овие луѓе од Ѓорче Петров кои во огромен број дојдоа денес да ја поддржат токму неа.
„Ќе имаме уште еден митинг за брзо тука во Ѓорче Петров каде што ќе говориме за останатите носители односно за Оливер Спасовски како носител во изборната единица број 2 и и Фатмир Бетиќи, „ДА“ тоа е најдобрата понуда која можеше да ја даде СДСМ, има доста криминали, скандали и корупции кои ќе ги отвориме, но денеска сакам да завршам со една убава теза и убав момент, сите заедно да се сплотиме и да направиме историја во Ѓорче Петров има многу хиени што пробубаат да го каснат лавот, но знаете лавот секогаш победува на крај“, вели Мисајловски.
Додава дека треба да се сплотиме и да ја вратиме Македонија и да ја направиме горда, единствена и сплотена.