ВМРО-ДПМНЕ традиционално помага на социјално ранливите категории граѓани во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
-Денеска посетивме наши сограѓани од населените места: Ѓорче Петров, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, и дадовме наш придонес за овие семејства поубаво и достоинствено да ги поминат претстојните празници. Секоја една насмевка вреди повеќе од се во одредени мигови, благодарност до граѓаните за нивниот прием но и можноста да ги посетиме и да поразговараме. Во духот на празниците, да си помагаме, да покажеме почит спрема сите и да бидеме хумани, објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој во оваа акција беше придружуван и од претседателите на општинските комитети на партијата: Бојан Стојаноски (ОК Ѓорче Петров), Бобан Стефковски (ОК Гази Баба), Ерџан Дамир (ОК Шуто Оризари), Ѓоко Велковски (ОК Чаир) и Дарко Костовски (ОК Бутел).