Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица, Владо Мисајловски порача дека победнички,енергично и масовно ја започнуваат кампањата за парламентарните избори 2024 година од нашиот македонски бисер Охрид!
-Сега е време за промени и за креирање држава како што доликува за нашиот македонски народ и сигурен сум дека заедно можеме да ја направиме Македонија горда, стабилна и просперитетна, објави Мисајловски на Фејсбук.
Нагласи дека Македонија се сака со дела, работа и проекти!