Во Министерство за одбрана, денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Словачка, Н.Е Хенрик Маркуш.
На средбата се разговараше за досегашната одбранбена билатерална соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области со една цел за стабилност и безбедност на регионот и пошироко.
Министерот Мисајловски изрази благодарност за континуираната силната поддршка на Словачка на патот кон целосна евроатланската интеграција на нашата земја.