Денеска остварив средба со амбасадорката на Германија, Н.Е. Петра Дрекслер и одбранбеното аташе, потполковникот Ханс Петер Вамслер, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Им се заблагодарив за поддршката која ја добиваме од Германија во процесот на интегрирање во НАТО и за соработката меѓу двете Армии. Разговаравме за регионалната стабилност која е од голема важност за просперитет на земјите од Западен Балкан во евроинтеграциите. Заклучивме дека Македонија е доверлив партнер за соработка и е јасно позиционирана и почитувана од страна на сите членки на Алијансата, што беше забележливо на сите досегашни средби и состаноци на НАТО Самитот, истакна Мисајловски.