Македонија

Мисајловски – Рокас: Интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на Унијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со новиот евроамбасадор Михалис Рокас, на која станало збор за интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на Унијата, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ.

– Мисајловски му посака успешна дипломатска мисија и упати благодарност до Европската Унија за последниот пакет на помош од 13 милиони евра, кој што ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен фонд, а ќе придонесе за зајакнување на способностите и капацитетите на Армијата, се наведува во соопштението.

Во однос на нашето учество во мисиите и операциите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата и во борбените групи на Унијата, министерот Мисајловски потенцирал дека со поддршката од ЕУ се зајакнуваат и капацитетите на државата и нашиот придонес кон глобалниот мир и безбедност. дма/ац/

Најнови вести од Македонија

To top