Одбележуваме јубилеј 5. години од членството на Македонија во НАТО – сојуз што гарантира безбедност, стабилност, сигурност и меѓусебна поддршка, објави Министерот за одбрана Владо Мисајловски.
– Рамо до рамо со сојузниците ја зацврстивме нашата безбедност, но и даваме свој придонес со свои капацитети во зацврстувањето на регионалната и на колективна безбедност. Инвестираме во македонската одбрана, ја модернизираме Армијата. Учествуваме во голем број вежбовни активности дома и во странство, заедно со сојузниците ја зајакнуваме интероперативноста, која е клучна особено при учеството во мировните операции, нотира министерот Мисајловски.
-Нашето членството претставува гарант за стабилноста на македонската економија и можност за македонските компании да учествуваат на НАТО пазарот. Се развиваме заедно со нашите сојузници во Алијансата и продолжуваме да работиме за заштита на мирот и сигурноста, додаде во објавата Мисајловски.