Носителот на листа во ИЕ 2 за престојните парламентарни избори, Владо Мисајловски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со низата средби со граѓаните.
„По посетите и средбите во Старо Нагоричане денот го продолжуваме во населба Карпош во општина Куманово. Тука бевме заедно со пратениците Бране Петрушевски и Жаклина Пешевска, како и коалицијата “Твоја Македонија”. Добиваме голема поддршка од сите места кои ги посетуваме, така и тука во населба Карпош добивме огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Давкова“, рече Мисајловски.
Тој истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и на професорката е победа на народот.
„Продолжуваме мотивирани за двојна и историска победа. Промените во твои раце“! – рече Мисајловски на средбата со граѓаните во Куманово.