Македонија носителот на кандидатска листа во ИЕ2

Мисајловски: Оптимист сум дека има подобро решение за ЕУ

– Да. Оптимист сум. И мислам дека треба само волја и тоа што ќе го прави ВМРО-ДПМНЕ еве јавно ќе кажам нема да го прави затскриено, јавно ќе го прави, вели Мисајловски во Клик Плус на ТВ21.

Мисајловски: Оптимист сум дека има подобро решение за ЕУ

Вечерва во Клик Плус на ТВ21, Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во ИЕ2 за парламентарни избори 2024 година, истакна дека „е оптимист за подобро решение за ЕУ“.

-Граѓаните велат дека ова не треба да се прифати. Исто така велат седнете и пробајте да најдете решение односно да видите што можат македонските граѓани да добијат нешто плус. Ние тоа и го кажуваме и сега велат што е тоа. Се што можеме како влада. Мислам дека и албанската опозиција но и останатите не се против такво нешто и велат да седнете разговарајте ако може нешто плус. И тоа е мислам позитивно и за подобар соживот и за подобро општество и тоа е позитивно, вели Мисајловски.

ТВ21: Оптимист сте дека може да се најде решение?

– Да. Оптимист сум. И мислам дека треба само волја и тоа што ќе го прави ВМРО-ДПМНЕ еве јавно ќе кажам нема да го прави затскриено, јавно ќе го прави, вели Мисајловски во Клик Плус на ТВ21.

Најнови вести од Македонија

To top