Во Шуто Оризари ќе направиме огромна победа, граѓаните заслужуваат многу проекти и поквалитетен живот, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски пред жителите на Шуто Оризари.
-Во Шуто Оризари ќе направиме огромна победа !!!
Дождот не не спречи да излеземе заедно со граѓаните на Шуто Оризари и коалицијата “Твоја Македонија” на преубав настан, да се обединиме, сложно, заеднички и сплотено да покажеме дека ја сакаме Македонија.
Граѓаните на Шуто Оризари заслужуваат многу проекти и поквалитетен живот.
Затоа во програмата предвидуваме:
-ЗГОЛЕМЕН НАДОМЕСТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА;
-ДОСТАПНИ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ;
-ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА;
-ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА РОМИ!
Македонија повторно твоја!
Заокружи број 2, пишува Мисајловски во својата објава на Фејсбук, а во рамките на предизборните активности во изборната кампања.