Македонија Локални избори 2025

Мисајловски од Шуто Оризари: Да ја изградиме оваа општина како што заслужува-модерна, чиста, безбедна и полна со можности

Тој истакна дека на Шуто Оризари потребен му е градоначалник кој ги разбира потребите на граѓаните и има план како да ги реши, човек кој не дели туку обединува.

Мисајловски од Шуто Оризари: Да ја изградиме оваа општина како што заслужува-модерна, чиста, безбедна и полна со можности

Тука сме со заедничка цел, да го поддржиме развојот на Шуто Оризари. Да ја изградиме оваа општина како што заслужува – модерна, чиста, безбедна и полна со можности за сите генерации, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, од митингот во Шуто Оризари.

-Време е Шуто Оризари да се исправи гордо. Шуто Оризари е симбол на храброст, заедништво, место со душа, со историја и со огромен потенцијал. Време е тој потенцијал конечно да се реализира, време е за промени, време е за нов почеток. Општината повеќе не смее да биде заборавена, запоставена, оставена сама на себе. Жителите на Шуто Оризари заслужуваат многу повеќе, заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно и со срце. Не ни требаат празни ветувања туку конкретни резултати, порача Мисајловски.

Тој истакна дека на Шуто Оризари потребен му е градоначалник кој ги разбира потребите на граѓаните и има план како да ги реши, човек кој не дели туку обединува.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Тука се потребни вистински резултати во секое населено место. Време е да дојде градоначалник кој ќе ги спои сите жители, без поделби, без политика на омраза туку со љубов и работа. Тој човек, вашиот човек е Ерџан Демир, тој е вистинскиот избор за Шуто Оризари, порача Мисајловски.

Како што вели тој, жителите на оваа општина заслужуваат локална власт која работи чесно и транспарентно, а дека кандидатот за градоначалник е човек кој обединува.

Според него, со поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Шуто Оризари ќе добие инвестиции, со цел модернизирање на општината и обезбедување подобар живот за граѓаните.

„Шуто Оризари не смее и нема да биде заборавена општина. Со поддршка на Владата, Шуто Оризари ќе ги добие сите неопходни инвестиции, во инфраструктурата и во сите јавни услуги“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски апелираше до граѓаните да излезат на гласање за локалните избори и да ја дадат поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде градоначалник за сите подеднакво.

„На денот на изборите излезете и покажете дека заедно можеме да постигнеме нешто големо. Гласајте за иднината, гласајте за Ерџан Демир, и за новото Шуто Оризари кое ќе покаже вистински потенцијал. Нашиот градоначалник ќе биде градоначалник на сите, на секое семејство, на секое дете, за секоја улица“, заклучи Мисајловски.

To top