„ПОБЕДНИЧКА ЕНЕРГИЈА И ПРЕКРАСЕН НАСТАН ВО НАШЕТО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ !
Сплотени и обединети да направиме историски победнички резултат за подобра Македонија.
Вечерва во Ѓорче Петров не посети професорката и идната претседателка Гордана Силјановска-Давкова каде што заеднички ќе го изодиме патот кон победа на претседателските, но и победа со над 61 пратеник на парламентарните избори.
Сега е време сите заедно, рамо до рамо, да го изодиме патот за подобра татковина и за подобар живот.
Секој е добредојден да ни се приклучи и да биде дел од новата историја“, стои во неговиот пост на Фејсбук.