Македонија локални избори 2025

Мисајловски: Очекуваме историска победа на Орце, во некои средини води со 6 спрема 1

Очекуваме историска победа на орце за Град Скопје, во некои средиуни води со 5, 6 спрема 1 изјави вечерва на прес конференција потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Орце води 5 спрема 1, 6 спрема 1, набрзо ги очекуваме прецизни бројки, очекуваме историска победа за Орце, но набрзо ќе ги имаме точните бројки, истакна Мисајловски.

Мисајловски објави победа во повеќе општини во Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ победи во Кисела Вода, Охрид, Радовиш Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Делчево, Прилеп, Битола, во Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Свети НИколе, Јагуновце, Вевчани и на многу други места, објави Мисајловски.

Мисајловски реагираше и на обвинувањата од страна на СДСМ за нерегуларности.

„Во однос на споменатите нерегуларности на СДСМ, разликата е огромна и нема простор за алиби. Изворот за овој девакл да си го бараат во своите редови. Што се однесува до ДУИ, сакам да порачам дека Али ќе има време да си го анализра својот пораз“, изјави Мисајловски.

To top