Македонија „Очекувам голема победа на изборите во ИЕ2“

Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите, од оваа власт видовме само кризи и скандали без одговорност, на народот му требаат надеж и промени

Очекувам голема победа на изборите во Изборната единица 2 и не само таму туку и во сите изборни единици, ќе биде историска победа. Дали е Оливер Спасовски носител или Лукаревска, сите на купче ќе ги победиме. Гледаме дека нема што да понудат, државата ја донесоа во криза на секаков план, дали економија, судство, здравство, еве и во МВР гледаме, скандал до скандал. Оливер Спасовски го остави МВР без координација за пасоши, остави заробена држава и треба да има одговорност, изјави за Анализа на ТВ24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите, од оваа власт видовме само кризи и скандали без одговорност, на народот му требаат надеж и промени

Во однос на тоа каква кампања ќе се води Мисисајловски истакна дека додека гледаме како СДС тера негативна кампања и почна со навреди, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања и ќе покаже дека може поинаку.

– Ние ќе покажеме со народот дека може позитивно, ќе пробаме да донесеме надеж. Тие ветуваа живот, донесоа црнила, на народот му требаат надеж и промени и да видат дека Македонија е нивна и тоа мора да го направиме, изјави Мисајловски.

Во однос на проблемот со Бугарија, Мисајловски нагласи дека СДС немаат проблем што било да дадат, ВМРО-ДПМНЕ оди со поинаков пристап да се седне да се разговара за Македонија и македонскиот народ да добијат нешто.

– Дававме претходно решенија, но сето тоа беше одбиено од СДСМ. Треба да седнеме да разговараме. Видовте што се случи за Украина за да се усвои, излезе една членка надвор за да се усвои, за Македонија имаме историски најчуден договор каде се бараат отстапки за нешто што можеби ќе го добиеме, тоа е бугарски диктат. Зошто Бугарија на пример не прифати пресуди од Судот за човекови права и сега збориме за еднаквост? Ние ќе дадеме се од себе и ќе бидеме искрени пред целиот народ, додека Македонија и македонскиот народ не добијат нешто, рече Мисајловски.

Запрашан за црната листа на САД, тој истакна дека гледаме лица од власта или поврзувани со власта и тоа е затоа што правосудството во Македонија има најнизок рејтинг, а криминалот и корупцијата се највисоки и ако ги прашате граѓаните што е најцрно че речат дека е тоа.

– Граѓаните немаат доверба и скандалите немаат завршница. Изминативе години гледаме дека луѓе од власта се појавуваат на црна листа на САД. Овие забелешки и реакции од САД се поради тоа шти не функционираат институциите, ние може да имаме и најдобри закони но дали функционираат. Дали за сите овие скандали изминативе години има постапки? Еве со издавањето на пасоши, верувате дека неколку службеници во подолни ешалони се одговорни да се издадат пасоши на белосветски бандити? Имаме случај за модуларни болници, за Онкологија, немаме ништо, се развлекува за да нема одговорност, изјави Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top