-Нова детска градинка и амбуланта во Бутел! Ветувањата стануваат реалност! Граѓаните на Бутел заслужуваат секое дете да има можност да оди во градинка и да добиваат квалитетни здравствени услуги во нова и модерна амбуланта!, објави на својот фејсбук профил, Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2 за парламентарните избори 2024 година.
Тој посочи: „Честитки за градоначалникот Дарко Костовски и неговиот тим за трудот и посветеноста во реализацијата на успешни капитални проекти и за сето она што го предвидува во иднина да го изгради се со цел да им овозможи на бутелчани подобар и поквалитетен живот“!
-Гласајте за број 2 за победа, за Македонија повторно твоја!, нагласи во објавата.