Македонија

Мисајловски: Ни треба голема мобилизација на овие избори, затоа ги повикувам сите граѓани да излезат на 24 април и да го дадат гласот за професорката Силјановска Давкова

Мисајловски: Ни треба голема мобилизација на овие избори, затоа ги повикувам сите граѓани да излезат на 24 април и да го дадат гласот за професорката Силјановска Давкова

Денеска тука во Ѓорче Петров може да видите една преубава слика заедно министерот Стефан Андоновски, со пратеникот Бојан Стојаноски, заедно со градоначалникот Александар Стојкоски и со многу млади луѓе, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Денеска ќе дискутираме за различни теми за она што нив ги интересира и вистина ми е драго што гледам повеќе и повеќе млади да се сплотуваат за Гордана Силјановска Давкова. Се среќаваме со различни целни групи, со различни категории, возрасти на луѓе можам да кажам дека сите луѓе се за ВМРО-ДПМНЕ и сите се со огромна поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Многу убави работи спомна Стефан, но јас сакам да дополнам една работа. За да имаме што поголема промена во општеството, за што повеќе луѓе да се сплотат ни треба голема мобилизација на овие избори. Затоа сакам да ги повикам сите граѓани да излезат на 24 април и да го дадат гласот за нашата професорка Гордана Силјановска Давкова бидејќи потоа со што поголема излезност ќе се направи една голема енергија, голема еуфорија за голема победа, бидејќи македонскиот народ одвај чека да победи, а за да ја направиме Македонија горда ни треба сите да гласаме за бројот 2, а тоа е нашата професорка“, вели Мисајловски.

Тој додава дека се разбира потоа на новите избори и кампањата која следува од 18 април, тие се парламентарните избори заеднички овој циклус да покажеме дека време е за промени, дека време е за една поубава, проевропска Македонија и се разбира да ја направиме Македонија горда.

Најнови вести од Македонија

To top